а 17.10.2022 год. (понеделник) во ССОУ “Коле Неделковски“ помеѓу директорката на училиштето Весна Стојанова Богоевска и младинскиот работник во Младинскиот центар во Велес Ивана Јордева беше потпишан Меморандум за соработка.
Во комплетен состав на Ученичката заедница на ССОУ “Коле Неделковски“ пред сите претставници на ученичките заедници при училиштето Ивана Јордева како преставник на Младинскиот центар ги претстави програмските активности на истиот.
На оваа средба на Ученичката заедница на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес го избра предлогот за пртставник од училиштето во Локалниот Младински Совет при Општина Велес, а тоа е Филип Арсовски.
На оваа средба во присуство на Владо Смилев службеник за млади при Општина Велес се организираше и мала активност, со што учениците беа поделени во групи и имаа задача да ги пронајдат сите зборови коишто асоцираат на младинска работа.
Средбата на ученичката заедница ја координираше Ангелче Гушев, одговорен за заедницата при училиштето.