Во рамките на Проектот за меѓуетничката интеграција на младите вообразованието денеска учениците од нашето училиште ССОУ „КолеНеделковски“ заедно со учениците од партнер училиштето ОСТУ „НацеБуѓони“ во Куманово реализираа активност: Прва помош при повреда на лице место. На активноста беа присутни ученици од двете партнер училишта, директори, родители, претставници од тимовите за училишна интеграција, претседателот на Црвен Крст при ССОУ„ Коле Неделковски “ – Велес, наставници. Учениците најнапред презентираа како треба да постапат, односно да пружат прва помош во случај на: крварење, изгореници, шок состојба, потреба од вештачко дишење. Потоа учениците од медицинската струка при ОСТУ „Наце Буѓони“ практично презентираа давање на вештачко дишење, масажа и преврски. На крај беа изработени хамери од наученото одденешна презентација и практичните вежби. Следеше прошетка во Куманово, заедничко дружење и исчекување на следната средба, уште една од многуте реализирани од двете партнер училишта во изминатите десетина години.