Денес, 01.11.2022 год., во рамките на сообрaќајната струка при ССОУ „Коле Неделковски“ – Велес беше промовиран и презентиран царинскиот софтвер „CASPER“ на учениците од образовниот профил техничар за транспорт и шпедиција. Пред учениците беше одржано предавање во траење од 90 минути од страна на Василев Стојче – консултант за царинска проблематика каде што на учениците им беше презентиран начинот на работа на софтверот, потребата од неговото користење при царинското работење.
За потребите на овој софтвер кабинетот по сообраќај е целосно опремен со нови компјутери кои ќе го олеснат учењето и реализацијата на наставата.