ПРОМОЦИЈА НА ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ – ТЕХНИЧАР ЗА ПРОИЗВОДНО МАШИНСТВО и ЗАВАРУВАЧ

Учениците Кире Џунџев и Горан Атанасков ученици во образовниот профил „Техничар за компјутерско управување“ од машинската струка, денеска за време на престојот на Министерката за образование и наука г-ѓа Мила Царовска направија програма со која го изгравираа нејзиното име со помош на едукативна ЦНЦ машина.
Во средното стручно општинско училиште „Коле Неделковски“ веќе втора година се спроведува дуалното образование каде учениците својата практична настава ја реализираат во компаниите со кои училиштето има склучено договор. Од оваа учебна година со новиот концепт на дуално образование за секој ученик што ќе се запише на овие паралелки, министерството за образование обезбедува стипендии во висина од 3.500 денари, за девет месеци додека трае наставата.
Стипендијата нема ограничување, што значи нема да се бара просек од ученикот во однос на оценките, туку со самото запишување во паралелката и формирањето на паралелката, којашто е дуална, ученикот ги добива тие финансиски средства.
Во договор со Министерството за образование и наука, оваа година ќе се отвори и паралелката заварувач, којашто е дуална паралелка, каде што ќе бидат опфатени само 10 ученика по договор, односно социјални парнери се „Леов компани“ и „Брако“. Овие ученици од прва година ќе почнат со практична настава во компаниите со кои училиштето склучи договор од кој учениците ќе добиваат и месечен финансиски надомест“ за деновите кога учениците изведуваат практична настава.