Пред испитот во рамките на Државната матура треба внимателно да се прочитаат сите упатсва за реализација на овој дел од матурата. Потребните информации се добиваат на училиште во текот на наставниот процес.
Во листата основни правила кои треба да се почитуваат пред да се започне со одговор на прашањата од способноста Пишување (за мајчините и странските јазици) се:
1. Добро, внимателно да се прочита темата на која треба да се пишува.
2. Внимателно да се прочита и да се применува бараната форма за писмено изразување.
3. Внимателно да се прочита и да се одговори на барањето т.е. текстот да биде во целост со предвидениот број на зборови.
4. Внимателно да се прочитаат насоките за секоја дадена задача за пишување и истите да се употребат во процесот на пишување.