Многу успешна традиционална есенска крводарителска акција во ССОУ „Коле Неделковски“. Учениците и вработените во училиштето ја покажаа нивната хуманост. Даруваа вкупно 47 крвни единици, а податок кој најмногу радува е дека 40 од дарителите тоа го направија за прв пат и официјално станаа крводарители.
Крводарителската акција заеднички ја реализираа Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје. Како логистичка поддршка на истата учествуваа тројца волонтери од Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст.
Ден претходно беше организирано едукативно предавање на тема: Мотивација кај средношколци“. Целта на истото е да се информираат учениците да сите придобивки и добри страни кои ги има крводарителството, за целиот процес на дарување и за крвните групи.
Ова е втора акција за дарување во ССОУ „Коле Неделковски“. На двете се даруваа вкупно 105 крвни единици. Голема благодарност до надлежните во училиштето за одличните услови за реализација на акциите.