Во периодот од 03 до 05 јули 2023 година, првата генерација на ученици од образовниот профил „Техничар за производно машинство“ го полагаше практичниот дел од завршниот испит по германски стандарди. Полагањето се реализираше во делот за обука на ученици – практиканти на компанијата „Маркарт Македонија“. Учениците своите вештини и способности практично ги презентираа пред тричлената испитна комисија составена од претставници од компаниите – партнери во дуалното образование:
Олгица Минова – компаниски ментор од „Брако“ и
Трајче Каров – компаниски ментор од „Маркарт Македонија“;
претставник од училиштето ССОУ „Коле Неделковски“ – Сашо Ѓоргов и
Дејан Чуповски – претставник од Делегацијата на германското стопанство во Република Северна Македонија.
Училиштето и Делегацијата на германското стопанство во Република Северна Македонија се заблагодаруваат на компанијата „Маркарт“ и „Брако“ за отстапените материјални средства за практична реализација на испитот.