Од 14 до 16.09.2022 година во Дорјан се одржаа две обуки организирани од Junior Achievment Macedonia. На обуките учество земаа професорите Горан Богоевски и Елена Јосифоска.
На првата обука се реализираа теми за Основање на ученичка компанија во училиштето во рамките на предметот Содржини програмирани од училиштето во трета година. Обуката ја следеше проф. Елена Јосифоска.
Втората обука обработуваше теми од Управување со проектен циклус (Проектен менаџмент). Обуката ја следеше проф. Горан Богоевски.