Aнтропометриско мерење на учениците

На 13.9.2022 год. (вторник) во спортската сала при ССОУ “Коле Неделковски“ во Велес, претставниците на Медицинскиот цетар од Велес во соработка со наставникот по спорт и спортски активности, Ангелче Гушев извршија антропометриско мерење на учениците од прва година – висина и тежина на телото. Во рамките на ова мерење беа опфатени 60 ученици од прва година при училиштето.