Проект финансиран од страна на Еразмус+ програмата на Европска Унија

"The sky is the limit"

Проект финансиран од страна на Еразмус+ Програмата на Европската Унија
“The sky is the limit“

Проектот “The sky is the limit“ ќе овозможи десет (10) учениците од угостителската струка и по пет(5) ученика од
машинската и електро струката од училиштето ССОУ “Коле Неделковски“ од Велес да поминат
период од 20 дена (вкучително и деновите за патување) на практична работа во Апулија, Португалија.
Со поднесување на овој ФОРМУЛАР ЗА АПЛИЦИРАЊЕ изразувате заинтересираност за учество во
проектот и се пријавувате да бидете избран(а) за еден/една од учесниците/учесничките кои ќе имаат практична обука во
Апулија и Барцелос, Португалија. За полесно да го пополните формуларот следетете го краткото упатство за пополнување:

Упатство за пополнување преку десктоп компјутер:

Сите полиња за пополнување се ЗАДОЛЖИТЕЛНИ, освен полињата каде што треба да се прикачат одредените документи за да се
докаже даденото барање. Во полето Име и презиме го внесувате вашето име и презиме додека во полето Датум на раѓање го
внесувате вашиот датум на раѓање. НАПОМЕНА: Проверете го точно дали вашето име и презиме се правилно внесени. Ако вашето
име и презиме се погрешно внесени, системот нема да ви дозволи повторно да аплицирате под истото име и ќе ви даде информација
дека сте веќе аплицирале. Во тој случај контактирајте го проф. Марјан Панов.
Во полето Матичен број го внесувате вашиот матичен
број. Во ова поле можете да внесувате само бројки и тоа ТОЧНО 13. После внесување пожелно е да го проверите матичниот број
дали е точно внесен. Во полињата Мобилен телефон (ученик) и Мобилен телефон (родител), се внесуваат соодветно
телефонските броеви на ученикот и родителот за контакт. Во ова поле може да внесувате исклучиво само броеви, но не и знаци
како што се “/ : - “ и празно место(space). Во полињата каде што треба да се прикачуваат документи како што е полето Просек на оценки
од претходните години
треба да се води сметка на неколку работи. При прикачување на овие документи , кога станува збор за
повеќе од еден документ, нивното прикачување се одвива на следниот начин: Со кликнување на копчето Choose Files се отвара нов
прозорец како што е дадено на сликата

Одете во фолдерот каде што е вашиот документ и со двоен клик на левиот тастер на глушецот ,автоматски се прикачува дадениот
документ. Кога станува збор за повеќе од еден документ , го држиме притиснато копчето CTRL од тастатурата на компјутерот и со
кликнување на левиот клик на глушецот ги селектирате дадените документи кои сакаме да ги прикачите. Потоа кликнувате на копчето
Open од дадениот прозорец, како што е прикажано на сликата

За да бидете сигурни дека вашите документи се успешно прикачени и спремни за испраќање , по затворањето на прозорецот каде
што сте ги избрале документите, ќе забележите до копчето Choose Files број , што го означува бројот на фајлови/документи кои сте ги
прикачиле. ПРОВЕРЕТЕ ЈА БРОЈКАТА ДАЛИ СЕ СОВПАЃА СО БРОЈКАТА НА ДОКУМЕНТИ/ФАЈЛОВИ КОИ СТЕ ГИ СЕЛЕКТИРАЛЕ И
ПРИКАЧИЛЕ
како што е дадено на сликата. ОВА ВАЖИ ЗА СИТЕ СЕКЦИИ КАДЕ ШТО ТРЕБА ДА СЕ ПРИКАЧАТ ДОКУМЕНТИ.
ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПРОВЕРЕТЕ ГИ ПОДАТОЦИТЕ КОИ ГИ ИМАТЕ ВНЕСЕНО ВО ПОЛИЊАТА И СЕКЦИИТЕ ПРЕД ДА ПРИТИСНЕТЕ
НА КОПЧЕТО “АПЛИЦИРАЈ“.

Ако бројката не ви се поклопува, повторете ја постапката повторно или проверете дали некој од фајловите не е корумпиран или оштетен!

Упатство за пополнување преку мобилен телефон:

Сите полиња за пополнување се ЗАДОЛЖИТЕЛНИ, освен полињата каде што треба да се прикачат одредените документи за да се
докаже даденото барање. Во полето Име и презиме го внесувате вашето име и презиме додека во полето Датум на раѓање го
внесувате вашиот датум на раѓање. НАПОМЕНА: Проверете го точно дали вашето име и презиме се правилно внесени. Ако вашето
име и презиме се погрешно внесени, системот нема да ви дозволи повторно да аплицирате под истото име и ќе ви даде информација
дека сте веќе аплицирале. Во тој случај контактирајте го проф. Марјан Панов.
Во полето Матичен број го внесувате вашиот матичен
број. Во ова поле можете да внесувате само бројки и тоа ТОЧНО 13. После внесување пожелно е да го проверите матичниот број
дали е точно внесен. Во полињата Мобилен телефон (ученик) и Мобилен телефон (родител), се внесуваат соодветно
телефонските броеви на ученикот и родителот за контакт. Во ова поле може да внесувате исклучиво само броеви, но не и знаци
како што се “/ : - “ и празно место(space). Во полињата каде што треба да се прикачуваат документи како што е полето Просек на оценки
од претходните години
треба да се води сметка на неколку работи. При прикачување на овие документи , кога станува збор за повеќе
од еден документ, нивното прикачување се одвива на следниот начин: Со кликнување на копчето Choose Files се отвара нов
прозорец како што е дадено на сликата, го бирате фолдерот каде што ви се наоѓаат самите документи, го задржувате прстот со што
правите селектирање на самиот документ. Истото го правите тоа и со останатите документи, така што бројот на селектираните
документи го имате испишано во секцијата 2 selected како што е на сликата. Потоа кликнувате на копчето DONE.

За да бидете сигурни дека вашите документи се успешно прикачени и спремни за испраќање , по затворањето на прозорецот каде
што сте ги избрале документите, ќе забележите до копчето Choose Files број , што го означува бројот на фајлови/документи кои сте ги
прикачиле. ПРОВЕРЕТЕ ЈА БРОЈКАТА ДАЛИ СЕ СОВПАЃА СО БРОЈКАТА НА ДОКУМЕНТИ/ФАЈЛОВИ КОИ СТЕ ГИ СЕЛЕКТИРАЛЕ И
ПРИКАЧИЛЕ
како што е дадено на сликата. ОВА ВАЖИ ЗА СИТЕ СЕКЦИИ КАДЕ ШТО ТРЕБА ДА СЕ ПРИКАЧАТ ДОКУМЕНТИ.
ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПРОВЕРЕТЕ ГИ ПОДАТОЦИТЕ КОИ ГИ ИМАТЕ ВНЕСЕНО ВО ПОЛИЊАТА И СЕКЦИИТЕ ПРЕД ДА ПРИТИСНЕТЕ
НА КОПЧЕТО “АПЛИЦИРАЈ“.

НАПОМЕНА: ЗА СИТЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ КОНТАКТИРАЈТЕ ГО ПРОФ. МАРЈАН ПАНОВ.

За пополнување на формуларот кликнете тука.

Erazmus+