ВОНРЕДНИ УЧЕНИЦИ

Вонредни ученици се лица кои образованието го стекнуваат сосамообразование,по пат на полагање наиспити за одреден план и програма во средното училиште.

Во ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ –Велес се верифицирани четири степени на образование:

II(втори), III (трети), IV (четврти) и V (петти) степен.

УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
Како вонреден ученик може да се запише лице кое исполнува еден од следните
услови:
• да е постар од 17 години;
• да е на боледување подолг период;
• да е во работен однос;
• во други случаи утврдени со Статутот на средното училиште.
Запишувањето може да се изврши во текот на учебната година.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ВОНРЕДНО ЗАПИШУВАЊЕ
• Оригинал свидетелства и диплома од претходно завршено образование
• Извод од матичната книга на родените
• Барање за вонреден упис
• Уплатница за вонреден упис

Дознајте повеќе на следниот линк: