Државна матура во четиригодишното средно стручно образование

Државната матура во четиригодишното средно стручно образование, покрај тоа што преставува завршен дел на средното стручно образование, има за цел да послужи и за селекција на кандидатите за запишување на више и високо стручно образование и на соодветните факултети.

Државната матура се полага според посебни испитни програми кои се темелат на наставните програми за соодветните наставни предмети кои се вклучени во листата за матура.

Државната матура опфаќа:

  • Задолжителен дел
  • Изборен дел
  • Проектна задача
  1. Задолжителниот дел го сочинува еден наставен предмет:

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И ЛИТЕРАТУРА

  1. Изборниот дел од државната матура го сочинуваат три наставни предмети.

Два наставни предмети ученикот избира од листата на општообразовни наставни предмети за државна матура, а третиот наставен предмет го избира од листата на стручни наставни предмети.

Листи на наставни предмети за матура и завршен испит

Листите на наставни предмети за матура и завршен испит ги содржат наставните предмети кои учениците можат да ги пријават и полагаат во рамките на државната матура и завршниот испит во средното стручно образование со четиригодишно траење.

Листа на општообразовни наставни предмети од изборниот дел за полагање на државна матура во средното стручно образование

  1. МАТЕМАТИКА
  2. СТРАНСКИ ЈАЗИК
  3. ФИЗИКА
  4. ХЕМИЈА
  5. БИОЛОГИЈА
  6. ИСТОРИЈА*
  7. ИНФОРМАТИКА*
  8. БИЗНИС

* Се подразбира наставниот предмет Историја со историјана Македонија (2+2 часа).

** Се подразбира наставниот предмет Информатика со информатичка технологија (2+2 часа).

Листа на стручни наставни предмети од изборниот дел на државната матура и завршниот испит во стручното образование

А. Според наставни планови и програми што се реализираат од учебната 2005/2006 година.

СТРУКА: ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКА

Образовен профил: Електротехничар – енергетичар

Наставни предмети:
– Автоматика
– Електрични машини и погони
– Електрични апарати и уреди

Образовен профил: Електротехничар за електроника и телекомуникации

Наставни предмети:
– Дигитална електроника и микропроцесори
– Електронски склопови и уреди
– Телекомникациски склопови и уреди

Образовен профил: Електротехничар за компјутерска техника и автоматика

Наставни предмети:

– Автоматика
– Програмирање
– Дигитални системи

СТРУКА: МАШИНСКА

Образовен профил: Автотехничар – мехатроничар

Наставни предмети:
– Технологија на моторни возила
– Електротехника
– Електроника

Образовен профил: Машински техничар

Наставни предмети:
– Автоматско управување и програмирање
– Возила и механизација
– Технологија на обработка

Образовен профил: Машинско – енергетски техничар

Наставни предмети:
– Хидропневматска техника
– Термотехника

СТРУКА: СООБРАЌАЈНА

Образовен профил: Техничар за транспорт и шпедиција

Наставни предмети:

– Комбиниран транспорт
– Технологија на патен транспорт
– Технологија на железнички транспорт

– Шпедиција и шпедициско работење

  1. Проектна задача ученикот избира од некој (некои) наставни предмети или пошироко од образовните области.