Дуално образование

 

Дуалното образование добива се поголема популарност ва нашата земја.

Дуалното образование подразбира реализација на практичната настава во реномирани компании, со кои училиштето има потпишано меморандуми за соработка.

Компаниите кои се вклучени во програмата за дуално образование им овозможуваат на учениците реализација на практична настава со обучени ментори во реални услови, во соработка со наставниците по практична настава.

Учениците стекнуваат и усовршуваат вештини со кои по завршувањето на средното образование би биле поконкурентни на пазарот на трудот.

Овој ситем на образование исто така им гарантира и вработување на учениците во компаниите каде ја реализирале практичната настава.

Овој концепт на образование на учениците им обезбедува и можност за добивање на стипендија од страна на МОН.

Нашето училиште ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски” – Велес, нуди можност за запишување во следните дуални паралелки:

Машинска струка, образовен профил Техничар за производно машинство-Дуално образование по Германски модел, Машински техничар и Машински техничар за моторни возила-Дуално образование по Македонски модел, Автомеханичар/Заварувач/Бравар, тригодишно дуално образование по Македонски модел.

Елактротехничка струка, образовен профил Техничар за индустриска мехатроника-Дуално образование по Германски модел, Електротехничар-Енергетичар-дуално образование по Македонски модел.

Угостителска струка, образовен профил Готвач/Келнер/Слаткар-дуално образование по Македонски модел.