Советот на родители:

  • дава мислење за предлогот на програмата за развој училиште и за годишната програма за работа;
  • предлага програми за подобрување на стандардите за наставата;
  • дава согласност на предлозите на директорот за воведување повисоки стандарди;
  • разгледува жалби на родителите во врска со воспитно-образовната работа;
  • избира претставници во Училишниот одбор на училиштето и врши други работи утврдени со Статутот на училиштето.

Што може да направи советот на родители во училиштето?

  • Да ги согледа вистинските потреби, состојби и проблеми во училиштето. Преку
    доброволно (волонтерско) ангажирање да се вклучи во реализацијата на различни училишни активности од следните подрачја од работата на училиштето: настава, воннаставни активности, грижа за здравјето на учениците, соработка со локалната заедница и да даде свој придонес според можностите, способностите и интересите.
  •  Да им помага на наставниците во работата со учениците во училницата и во училиштето.
  •  Да организира и даде поддршка на различни училишни акции, манифестации, училишни презентации, кампањи и слично.
  •  Активно да учествува во решавањето на различни проблеми во училиштето.
  •  Да учествува во донесувањето на важни одлуки во училиштето.

Членовите и замениците на советот  можете да ги погленете овде: