УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ И КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЦИТЕ

 Запишувањето на учениците во јавните средни училишта  во учебната 2024/2025 година ќе се врши под услови и на начин утврдени со Законот за средното образование,

Условите за запишување на учениците во прва година се:

  • да имаат завршено основно образование;
  • да не се постари од 17 години;
  • да се определиле за план и програма за еден од следните видови образование: а) гимназиско образование; б) стручно   образование и обука; в) средно уметничко образование; г) средно образование за ученици со посебни образовни потреби;
  • да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој Конкурс.

 Критериуми за избор на учениците се:

  •   среден успех на ученикот од VI до IX одделение;
  •   среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за       струката);
  •   дипломи за освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и државни натпревари (организирани од     акредитирани здруженија од Министерство за образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик, природни науки,     математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното   подрачје;
  •  средна вредност од поени добиени за поведение од VI до IX одделение.

За средниот успех од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од шесто, седмо, осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10).

За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети (два наставни предмети задолжително за сите видови образование и два предмети што се значајни за струката), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет).

За освоено место од меѓународни и државни натпревари ученикот може да добие:

  • За освоена прва награда или златен медал на меѓународен натпревар 5 поени, втора награда или сребрен медал 4 поени и трета награда или бронзен медал 3 поени.
  • За освоено место од државни акредитирани натпревари: за I место – 3 поени, за II место – 2 поени и за III место – 1 поен.

За средна вредност од поените за поведение од VI до IX одделение, ученикот може да добие најмногу 5 поени. (Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од шесто, седмо, осмо и деветто одделение поделен со 4).

 ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

 По објавувањето на ранг листатата, учениците кои се на листата ја доставуваат следната документација:

  • пријава за запишување (пријавата за запишување ја изготвува Министерството за образование и наука и ја објавува на официјалната веб страница);
  • оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
  •  дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката, насоката, односно изборното подрачје;
  • извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).

КОНКУРСНИ РОКОВИ

 Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши јунски уписен рок со две пријавувања.

         Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски      услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку соп-ствените кориснички сметки на Schools.mk.

  • Првото електронско пријавување на учениците ќе се врши од 20 јуни до 25 јуни 2024 година до 15.00 часот.
  • Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 20, 21 и 24 јуни од 07.00 часот до 17.00 часот и     на 25 јуни 2024 година од 07.00 до 15.00 часот.
  • Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ја објавува на 26 јуни 2024   година, најдоцна до 09.00 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница.
  • Второто електронско пријавување на учениците ќе се врши на 01 јули и 02 јули 2024 година до 15:00 часот.
  • Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 01 јули 2024 година од 07.00 до 17.00 часот и на   02 јули од 07.00 часот до 15.00 часот.
  • Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ја објавува на 03 јули 2024  година, најдоцна до 09.00 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница.

Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после уписниот рок со две пријавувања.

  •  Пријавување на учениците ќе се врши на 21 август 2024 година од 00.00 часот до 15.00 часот електронски.
  •  Доставувањето на потребената документација до училиштата е на 21 август од 07.00 часот до 17.00 часот.
  •  Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето, секое училиште ја објавува на 22 август 2024 година, најдоцна до 12.00 часот.

По објавување на конечната ранг листа со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 24 часа, а училиштата имаат обврска да ја вратат целокупната документација на учениците во рок од 24 часа.