Училишен Одбор
Врз основа на членовите од 123 од Статутот на ДСУ РЦСОО“Коле Неделковски” од Велес, Училишниот одбор на одржаната редовна работна седница на ден 09.04.2024 година донесе
Д Е Л О В Н И К
За работа на Училишниот одбор на ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски” Велес
I.Општи одредби
Член 1
Со Деловникот се регулира начинот на работа на Училишниот одбор на ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски” Велес.
Член 2
Училишниот одбор е составен од 12 члена, и тоа: четири претставника од наставниците, три претставника од родителите односно старателите на учениците, три претставника од основачот и по еден претставник од Министерството и од деловната заедница
Членови на Училишен одбор
| име и презиме | преставник од | |
| 1 | Жана Ѓорѓиева | Министерство за образование и наука |
| 2 | Верица Малинова | Совет на родители од училиштето |
| 3 | Роберто Шакиров | Совет на родители од училиштето |
| 4 | Александра Стојановска | Совет на родители од училиштето |
| 5 | Маргарита Евтимова | Преставници на основачот |
| 6 | Милан Ристов | Преставници на основачот |
| 7 | Горан Богоевски | преставник од наставници од училиштето |
| 8 | Магдалена Иванова | преставник од наставници од училиштето |
| 9 | Орданче Амбарков | преставник од наставници од училиштето |
| 10 | Елена Јосифовска | преставник од наставници од училиштето |
| 11 | Бојана Димовска | Преставник од Стопанска комора |
