Автотехничар – Мехатроничар

Кои се работните задачи кои ќе може да ги извршува?

Конструира, дијагностицира и сервисира автоелектронски, механички и сите останати системи и опрема во моторните возила. Ги одржува, поправа и тестира моторните возила. Ги анализира и поправа грешките во електронските системи. 

Можности за вработување:

            Со овој образовен профил, лицето може да се вработи во сервиси за моторни возила, автомобилската индустрија, салони за автомобили, служби за помош на патиштата.

Можности за продолжување на образованието:

Најсоодветни факултети за продолжување  на образованието се Машинскиот факултет  и сите технички факултети.