Електротехничар за компјутерска техника

Кои се работните задачи кои ќе може да ги извршува?

 

По завршувањето на училиштето ученикот е способен за следниве работни задачи:

  •     Одржување на елементите на системите за автоматско управување и регулирање со компјутерско водење на процеси
  •     Поврзување на елементи во сложени компјутерски системи
  •     Подготовка на софтверска поддршка

Можности за вработување:

Со овој образовен профил, лицето може да се вработи во фирми за изработка на мали софтверски апликации од областа на производство, управување и средување на автоматика на професионални машини, работа во фирми кои се занимаваат со продажба и инсталирање на софтвер, продажба на хардвер, компјутерски конфигурации,одржување на помали или поголеми мрежни конфигурации по јавни и приватни претпријатија, работа со електронска опрема и уреди, овластени сервиси за електонска опрема и креирање на софтвер за мали погони, како и негово инсталирање. Ова занимање нуди голема индивидуалност и целосниот успех зависи од секоја индивидуа посебно од нејзините афинитети и желбата за напредок.

Можности за продолжување на образованието:

Најсоодветни факултети за продолжување  на образованието се Електротехничкиот  и сите технички факултети.