Заварувач

Што изучува:
Учениците се запознаваат со разните постапки за заварување на металите (електролачно заварување, заварување во заштитна атмосфера од гасови, електроотпорно заварување и останатите постапки за заварување). Училиштето располага со заварувачко одделение каде учениците практично можат да ги применат претходните постапки.
ЗАВАРУВАЧИТЕ СЕ ДЕФИЦИТАРНИ КАДРИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА !
Можности за вработување:
Учениците можат да се вработат во производните капацитети од металопреработувачката индустрија (Брако, Леов, Динамо Хит и др.)
Можности за продолжување на образованието:
Сродните профили на повисоко ниво (техничар за компјутерско управување, автотехничар мехатроничар, машинско-енергетски техничар, машински техничар за производство, специјалистичко образование од машинска и електротехничка струка).
