Техничар за транспорт и шпедиција

Кои се работните задачи кои ќе може да ги извршува?
Организира превоз на стоката со патен, железнички, воздушен и воден сообраќај, царинско посредување, избира најсоодветна амбалажа за пакување на различни видови стока, избира најповолни превозни средства и патишта, посредува при осигурувањето на товарот, контрола на стоката, саемски работи, лизинг работи, консигнации, проверка на исправноста на документацијата.
Можности за вработување:
Со овој образовен профил, лицето може да се вработи во транспортни, сообраќајни и шпедитерски организации, стоково-транспортни центри, карго и контејнерски терминали, логистички центри, складишта и други организации од јавниот и приватниот сектор.
Можности за продолжување на образованието:
Најсоодветни факултети за продолжување на образованието се Факултетите за царина и шпедиција, Сообраќајниот факултет, Економскиот факултет и останатите технички факултети.
