Секој од кандидатите кој се пријавува за полагање на државна матура треба детално и внимателно да ја погледне листата на матурски испити и да забележи кои предемети се соодветни за факултетот на кој кандидатот планира да студира.

Општите податоци за бројот и видот на испитите кои можат да ги избираат и полагаат кандидатите се дадени во „Концепцијата за матура и завршен испит во средното образование со четиригодишно траење“. За државната матура се полагаат два екстерни испити (мајчин јазик и математика или странски јазик) и два интерни испити. Во Листата на матурски испити потребни за упис на факултетите се дадени информации за предметите кои ќе бидат вреднувани при уписот на различни факултети.

Листа на екстерни и интерни матурски испити во рамките на државната матура 2009