Oпштина Велес и оваа година го одбележи Меѓународниот Ден на волонтерството, 5 декември со организирање на панел дискусија. Панел дискусијата се одржa на 5 декември 2022 год. (понеделник), во просториите на Голема сала во Општина Велес.
На панел дискусијата посветена на Денот на волонтерството говореа Градоначалникот на Општина Велес г-дин Марко Колев и Владо Смилев службеник за млади при Општина Велес.
На оваа панел дискусија од ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, учество земаа Анѓела Митрева и Давид Николов, заедно со одговорниот наставник на ученичката заедница при училиштето, наставникот Ангелче Гушев.