Денеска, во организација на Џуниор Ачивмент Македонија, на кампот на иновации учениците работеа во тимови за да најдат решение на поставениот бизнис предизвик.
Учениците и со помош на бизнис волонтерите одговара на предизвикот и притоа применуваа претприемачки вештини и учеа како да напишат бизнис план и да ги развијат своите презантациски вештини.
Настанот опфати 40 средношколци, кои поделени во 5 тимови го искористија своето знаење за да одговорат на поставената задача, применувајќи претприемнички вештини за тимска работа за да најдат иновативни решенија.
Преку овој натпревар, учениците осознаваат како да ги употребат своите вештини на иновативен начин и така да ги зголемат своите можности за вработување и унапредување на претприемачкиот дух.