ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ССОУ “КОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ” УЧЕСТВУВАШЕ НА ЧЕСТВУВАЊЕТО НА 11-ти ОКТОМВРИ, ДЕНОТ НА НАРОДНОТО ВОСТАНИЕ

Во Спомен Костурницата, вечното почивалиште на борците од Велес и велешко, беше чествуван Денот на народното востание, 11-ти Октомври.
Делегација од училиштето претставувана од професорите Јане Гонев, Наталија Ашиковска и Сашко Јовановски им оддадоа почит на загинатите борци од НОБ и положија свежо цвеќе пред споменикот.