Кои се работните задачи кои ќе може да ги извршува?
По завршувањето на училиштето ученикот е способен за следниве работни задачи:
- Правилна и одговорна употреба на електричните апарати и уреди
- Утврдување на дефекти на машините и уредите, нивна локализација и отстранување
- Утврдување на место на дефекти на кабелски мрежи и нивно отстранување
- Проектирање и пресметка на електрични инсталации
- Голем број на поспецифични работи што се бараат кај одделни работни места
Можности за вработување:
Со овој образовен профил, лицето може да се вработи во градежно проектантски фирми, фирми кој работат со дистрибуција и продажба на електроматеријали и опрема, фирми кои се занимаваат со одржување на електрични апарати и опрема, директно во производствени погони како лица на одржување на електрични апарати, уреди, инсталации, опрема и машини од различен вид. Можат да работат како дел од тимовите за монтажа и одржувањена лифтови и многу други места каде доменот е електро опрема. Овие лица преку дообука и лесно се вклопуваат во работата на телекомуникациски фирми, а претставуваат основен фундаментален човечки ресурс за фирми кои се занимаваат со производство и транспорт на електрична енергија. Сите овие фирми можат да бидат од јавниот и приватниот сектор.
Можности за продолжување на образованието:
Најсоодветни факултети за продолжување на образованието се Електротехничкиот факултет и сите технички факултети.