Кои се работните задачи кои ќе може да ги извршува?
По завршувањето на училиштето ученикот е способен за следниве работни задачи:
- Вклучување и работа во производствениот процес (изработка на електронски компоненти, нивна дијагностика и контрола)
- Одржување на електронски уреди во индустриски, стопански и вонстопански дејности
- Ракување со уреди од радио и видео техника, со електронски уреди за обработка на сигнали
- Ракување и одржување на дигитални сметачи
Можности за вработување:
Електротехничарите за електроника и телекомуникации можат да се вработат во претпријатија чија дејност е производство, одржување и монтажа на електро – опрема, како и во било кое претпријатие кое има потреба од повремено или тековно одржување и сервисирање на електрични погони, електронски уреди и опрема, регулирачки и управувачки системи и апарати за домаќинство. Сметајќи дека електронското управување е дел од сите професионални уреди и машини тргнувајќи од најобичната машина за перење во домаќинството, ова е навистина голем простор во кој е детерминирана можноста за вработување и самовработување. Сите овластени сервиси на реномирани производители на електронска опрема нудат обука и вработување токму на овој профил на образован кадар.
Можности за продолжување на образованието:
Најсоодветни факултети за продолжување на образованието се Електротехничкиот факултет и сите технички факултети.