Конкурс за “Најдобар бизнис концепт 2023 за средни училишта”

На конкурсот за “Најдобар бизнис концепт 2023 за средни училишта” организиран од Националниот центар за развој на иновации и претприемничко учење и Машинскиот факултет, под менторство на Елена Јосифоска од нашето училиште аплицираа два тима, Kads bottle и Recan.
Денес во амфитеатарот на Машинскиот факултет се одржа финалното презентирање на најдобрите концепти меѓу кои се најде и тимот Recan во состав на Матеј Кировски, Христијан Игновски, Ангела Китановска и Боби Петровиќ од 3-7клас.