По повод Патрониот празник ССОУ „Коле Неделковски“ – Велес распишува:
ЛИТЕРАТУРЕН И ЛИКОВЕН КОНКУРС
на тема: „Јас во чекор со технологијата“
Творбите за литературниот конкурс треба да бидат напишани како песна, која ученикот/чката ќе ја сними во амбиент кој сам/а ќе го избере, употребувајќи правилна дикција и рецитаторски стил.
Ликовните дела може да бидат цртежи во сите техники.
Оваа година во конкурсот, за првпат се вклучуваат и стручните активи, кои во рамките на темата дефинираат поттеми за своите области:
1. „Јас во светот на машинството“
За своите творби учениците треба да изготват кратка видео презентација.
Идеи и насоки за видеата:
– Изработка на машински елементи (вратила, лежишта, запчаниции сл.) од различни материјали (метал, картон, ститропор, пластика);
– Изработка на навој (режење, врежување);
– Конструкција на велосипед, моторцикл, автомобил или друг вид на моторно возило од различни материјали (метал, картон, ститропор, пластика);
– Поправка на моторни возила;
– Заварување на елементи со користење на разни техники на спојување;
– Изработка на прототип на соларен колектор, ветерница, воденица;
2. „Технологијата околу нас”
Учениците имаат можност да покажат својата креативност преку:
– -конструирање на едноставни струјни кола со извор на мал напон (батерија, адаптер)
– иновативни струјни кола по сопствена идеја
– изработка на модел на електромагнет и пример со негова примена
– автоматизиран процес на работа (со користење на сензори, актуатори, тајмери…)
– модели за производство на електрична енергија (ветерници, хидроенергија, сончева енергија)
– изработка на 3D модел во соодветна програма (на пример во Blender, Maya итн.)
– изработка на web страна за ресторан во новогодишно руво.
За своите творби учениците треба да изготват соодветен модел на проектот или кратка видео презентација (снимено видео од изработката).
3. Почитувај ги сообраќајните правила – почитувај го својот живот
Учениците покрај творби и цртежи можат да креираат и куса видео снимка во траење од најдолго 1 минута преку која ќе прикажат дел од проблемите со кои се соочуваат младите во сообраќајот.
Учество на конкурсот може да земат сите ученици од средните и основните училишта од Општина Велес, вклучително и ученици од нашето училиште, Техничка школа од Власотинце Р. Србија и средното општинско техничко училиште „Наце Буѓони“ од Куманово.
Сите заинтересирани ученици своите трудови може да ги испраќаат на следната меил адреса: patronatkolenedelkovski@yahoo.com.
– Учениците заинтересирани за учество на литературниот конкурс треба да испратат видео снимка на која ја рецитираат или читаат својата творба.
– Учениците заинтересирани за учество на ликовниот конкурс можат да го снимат и процесот на креирање и изработка на цртежот и истиот да го испратат во вид на видео снимка на горенаведениот меил.
– Учениците заинтересирани за изработка на макети можат да го снимат процес на подготовка и изработка на сообраќајните макети, а изработените макети да бидат донесени во училиштето.
Сите творби и видео записи да бидат испратени најдоцна до 09.12.2022 г. на адреса на училиштето ул. „Андон Шурков“ 4а, Велес, односно на електронската пошта: patronatkolenedelkovski@yahoo.com