Марјан Малинов се стекна со годинешното признание најдобар наставник во средното образование. Неговите професионални вредности се согледуваат во идентификување на специфичните потреби и интереси на учениците како и мотивирање и инспирирање согласно нивните различните особености и можности. Примената на стратегии за инклузија на учениците со специфични образовни потреби и промоција на взаемното почитување и демократските вредности се одлики на неговата секојдневна работа со учениците.
Во периодот од мај 2022 година до мај 2023 година Малинов учествуваше на повеќе државни натпревари каде со учениците освојува прво места во Иновации, прво место на државниот натпревар на Електромашинските и собраќајните училишта, прво место на “Еконова 2022”, прво место на натпреварот организиран од факултетот за електротехника и информациски технологии и Логинг електоникс, а се јавува и како коавтор на учебникот “Технички софтверски алатки”. Во својот работен ангажман Малинов се има стекнато со голем број сертификати и благодарници кои се доказ за неговото континуирано усовршување на професионален план.