ССОУ „Коле Неделковски“ по повод Патрониот празник на училиштето организира забавна активност под мотото „Моите 3 минути на ТикТок“
Целта на активноста е младите да ги покажат нивните вештини и способности во пеење, танцување, глума, цртање, готвење, спортување, свирење на музички инструмент, шминка, фризура, решавање на задачи, хумор и сл. преку снимање и објавување на истите преку Тик-Ток апликацијата.
Видеа можат да содржат и звучна сихронизација.
Драги ученици, бидете креативни, бидете во чекор со технологијата!
Ги очекуваме вашите интересни и забавни видеа на Фејсбук или инстаграм профилот на ССОУ „Коле Неделковски“, најдоцна до 09.12.2022 година.
За авторите на видеата со најмногу допаѓања следуваат награди.
