ОДБЕЛЕЖАНА 81 ГОДИНА ОД СМРТТА НА КОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ

Денеска во училиштето беше одбележана 81-година од смртта на поетот и револуционер Коле Неделковски.
Програмата започна во спортската сала на училиштето со интонирање на Химната на Република Северна Македонија. Свое обраќање пред присутните имаше Директорката на училиштето г-ѓа Весна Стојанова Богоевска.
Во чест на Патронот на училиштето негови песни читаа ученици од училиштето. Потоа гостите се упатија пред бистата на Коле Неделковски во училишниот двор каде положија свежо цвеќе.
Коле Неделковски, по потекло од селото Војница, е еден од најистакнатите револуционерни македонски поети помеѓу двете светски војни. Тој претставува романтичар со бескрајна љубов кон својот народ и кон неговата борба за слобода и правда.