Францускиот Институт во Скопје и Амбасадата на Франција во Република Македонија по повод отворање на месецот на Франкофонијата и во склоп на регионалниот проект за поддршка на наставата по француски јазик во образовниот систем на Р. Македонија, за којшто Француската Амбасада има потпишано и Меморандум со Министерствотo за образование и наука се одржа средба помеѓу франкофонски професионалци – Алумни и ученици – франкофони од нашето училиште на ден 23.03.2023 год.
На средбата поздравен говор и презентација на активноста имаа г-ѓа Сузана Пешиќ – одговорна за образовна и универзитетска соработка на оделот Кампус Франс и г-ѓа Мишела Темков – универзитетски професор, стипендист на француската Влада, која има завршено магистратура во Франција. Според предвидената агенда се одржа Тркалезна маса (Table ronde) каде што учениците со помош на Модераторот – Никола Димовски, професор по француски јазик, имаа можност да поставуваат прашања до Алумните во врска со предностите и придобивките од изучувањето на францускиот јазик. Средбата заврши со мал коктел на којшто учениците имаа можност да го пробаат надалеку познатото француско сирење Камамбер.