Македонската академија на науките и уметностите, Машинскиот факултет, Универзитетот св. Кирил и Методиј, Националниот сектор за развој на иновации и претприемачко учење, заедно со партнерите Македонија 2025 и Халкбанка организираа работилница на тема:
STEM образование, родова еднаквост и зелени иновации во стручното образование и обука.
На обуката која се одржа на 27.01.2023 година во просториите на МАНУ беа присутни наставниците: Наталија Ашиковска, Елена Јосифоска, Никола Дечев и Јордан Палашев.