Денеска ССОУ „Коле Неделковски“ се престави на најдобар можен начин пред идните средношколци. Учениците од машинската, електротехничката, сообраќајната и угостителскта струка преку практични вежби и презентации ја преставуваа работата во својата струка пред деветоодделенците од општината. Новина од идната учебна година е што сите постоечки образовни профили се реформирани, а во машинската струка започнува да се применува концептот на дуално образование преку еден образовен профил – Техничар за производно машинство. Карактеристики на овој образовен профил се: Изведување на практична настава во соодветно опремена просторија под стручен надзор. Обезбеден транспорт до претпријатието, топол оброк и соодветен паричен надоместок во деновите кога се изведува практичната настава. По завршувањето на образованието, компанијата нуди можност за вработување на ученикот. Можност за продолжување на образованието на факултет. Дополнителен сертификат за завршено дуално образование по германски стандарди. На идните средношколци истотака на располагање им се четири струки и тоа: Електротехничка: -Електротехничар за компјутерска техника и автоматика, -Електротехничар за електроника и телекомуникации, -Електротехничар енергетичар Машинска: -Машинско енергетски техничар, -Машински техничар за моторни возила, -Техничар за компјутерско управување, -Машински техничар, -Автомеханичар, -Заварувач. Сообраќајна: -Техничар за транспорт и шпедиција Угостителска: -Келнер, -Готвач.