На ден 3 и 4 Декември после неколку години пауза се релизира планинарска тура на Мокра планина и посета на планинарскиот дом во с.Папрадиште. На турата учествуваа 25 ученици од нашето училиште заедно со професорите Златко Здравковски , Горан Богоевски ,Ѓорѓи Ѓоргиев и Елена Јосифоска. За нашето здравје се грижеше др. Силвија Богоевска.
Учениците по пат береа на капини и шип за подготовка на чај, се запознаа со планинското маркирање и ја следеа проекцијата на филмот за планинарење.
Професорот Горан Богоевски заедно со учениците приготвија планинарско гравче.