Клубот на писатели ,,Коста Солев Рацин ” од Велес во чест на денот на сесловенските просветители ,,Св.Кирил и Методиј” во соработка со ССОУ ,,Коле Неделковски”, реализираа поетска средба во просториите на училиштето. Писателите и учениците читаа поезија, а неколку членови од клубот донираа свои книги за училишната библиотека.
