Денес, ученици од прва година заедно со своите професори по Историја и Граѓанско образование, имаа прилика да го посетат и направат обиколка на Собранието на Република Северна Македонија како и да се запознаат со неговата работа. Потоа активностите продолжија со посетување и обиколки на Археолошкиот музеј и музејот на Холокаустот.
