По повод претставување ликот и делото на нашиот сограѓанин Георги Шоптрајанов, Општина Велес во соработка со професори и наставници по Македонски и Француски јазик од општинските училишта во нашиот град Велес, денес 02.02.2023 година во 12:30 часот, во медијатеката на Библиотеката ,,Гоце Делчев, организираше настан. Беше преставен животот на Георги Шоптрајанов, ученици рецитираа песни на француски и македонски јазик, а говореше пред присутните и Благој Зашов:
Роден 20.2.1945 година во Кочани, Република Македонија. Правник кој специјализирал меѓународно право и меѓународни односи на универзитетите во Загреб (Хрватска) и Париз 2 (Сорбона). Дипломат од кариера, кој својата работа ја почнал во 1973 година во Секретаријатот за односи со странство на Република Македонија во кој работел до 1986 г. кога бил именуван за помошник на министерот за односи со странство.Од 1986 до 1990 година бил конзул на поранешна Југославија во Лион (Франција.
Тој и подари на Библиотеката и Француското катче: Читанка по Француски јазик од која учеле тој и неговите брат и сестра и француско-македонски речник. Порача, пред учениците, да ги учат странските јазици и да го збогатуваат својот фонд на зборови.
Покрај ученици и професори од училишта во Велес, и ученици од нашето училиште ССОУ ,,Коле Неделковски“ – Велес заедно со проф. Мариче Стојанова, проф. по Македонски јазик и литература и проф. по Француски јазик Никола Димовски беа присутни на овој поучен и афирмативен настан.