ПРИЛОГ НА НОВИНАРСКИОТ ПОРТАЛ “ДУМА”

Отворен ден во ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ во Велес – прилог “Дума”

Повеќе од 500 учениците од основните улишита во Велес, Градско, Чашка и Лозово, денеска, го посетија велешкото државно училиште „Коле Неделковски“ и се запознаа со образовните профили кои од септември може да ги изберат за нивна водилка во идната професија. Отворениот ден во училиштето се одржува по кабинети каде учениците преку презентации и практични примери им ја доловуваа суштината на образовниот профил на идните средношколци.

Првото електронско пријавување ќе се врши од 20 до 25 јуни, годинава, додека доставувањето на документи во училиштето на 20, 21 и 24 јуни од 07:00 до 17:00 часот и на 25 јуни од 07:00 до 15:00 часот. Конечната ранг листа ќе биде објавена на 26 јуни.