ПРОЕКТ ЗА МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА НА МЛАДИТЕ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

ССОУ „Коле Неделковски“, Велес – ОСТУ „Наце Буѓони“, Куманово
Во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во обрзованието двете партнер училишта ССОУ „ Коле Неделковски “ – Велес и ОСТУ „ Наце Буѓони “ од Куманово на ден 23.11.2022 год. реализираа уште една од многубројните заеднички активности. Најнапред учениците од различна етничка припадност заедно со одговорните професори прошетаа по Старата скопска чаршија при што ги посетија Чифте Амам каде имаа можност да видат како изгледале бањите во минатото, а и да ја проследат ретроспективната изложба на Теофил Шулајковски. Потоа беше посетен Даут – паша амам и изложбата: Портретот во фокус на Илија Аџиевски. Посетена беше црквата Свети Димитрија. Потоа учениците го поминаа Камен мост и прошетаа покрај кејот на Вардар. Психолог Дивна Јанкова од ОСТУ Наце Буѓони и психологот Соња Пашоска од ССОУ Коле Неделковски реализираа работилница на тема: „Како е да сум јас “ преку која учениците осознаа како би требало да се однесуваат со своите другарчиња секојдневно на училиште, па и надвор опд училиште.
Учениците и наставниците од двете партнер училишта поминаа заедно уште еден прекрасен ден.