Денес 07.03.2023г. (вторник) во 13 часот во Центарот за развој на Вардарски плански регион, Велес беше одржана трибина на тема: ,,Жените и дигитализацијата: предности, закани и предизвици“. Учесниците беа: ученици и професори од сите средни училишта во нашиот град; претставници од Општина Велес и Советот на град Велес; а со своја презентација настапи младата Сандра Ампова од IT сектор.
Графички беше прикажана застапеноста на девојчињата во однос на машките по струки, кои во минатото биле декларирани со машки карактер. Востановено е дека, денес нема предрасуди во многу голем број и дека застапеноста на женски во однос на машки е во пораст. Ако во минатото на машински, електро, природноматематичките и слични факултети од женски пол имало десетина девојчиња, денес нивниот број е скоро изедначен со машката популација на овие факултети.
Се повеќе девојчиња одбираат струки како што е: Електротехничар за компјутерска техника и автоматика, Електротехничар за за електроника и телекомуникации или Електротехничар – енергетичар; Техничар за компјутерско управување. Ова се само дел од струките кои ги нуди ССОУ ,,Коле Неделковски“ – Велес, а кои се во сооднос во вистинската стварност каде се побарувани на реалниот пазар на труд.
Од нашето училиште беа ученици од втора и четврта година со проф. Мариче Стојанова.