На третиот ден на кампот на иновации во организација на Junior Achievement Macedonia кој се одржува во хотел Гардениа во Велес се одржа натпревар меѓу тимовите формирани од ученици во мешан состав од училишта од Кочани, Струмица, Прилеп, Гевгелија и нашето училиште. Бизнис предизвикот за тимовите беше рециклирање на облека и нејзино понатамошно употребување. Тимовите ги презентираа своите идеи пред четиричлената жири комисија во состав Менче Коцева, Даниела Карадакова, Митко Андонов и Сашко Андонов.
Трето место освои тимот Recube во кој учество зема и нашата ученичка Благица Видева од 3-7клас
Второ место освои тимот I.Recycle во кој учерство зема Симона Антониевска од 3-7 клас
Првото место му припадна на тимот Smart Ski Suit во кој учествуваа и нашите Филип Таневски од 3-6, Бојана Јанкова од 3-7 и Виктор Павлов од 4-7клас.
На победниците, а и на сите учесници им честитаме и им пожелуваме уште многу успеси.