Француско Македонска Асоцијација “Алзас Македонија”

Денес на покана од Француско Македонската Асоцијација “Алзас Македонија” од Р. Франција гимназијалците можеа да се запознаат со работата на асоцијацијата и можностите кои ги нуди. Воедно се запознаа со културата, историјата и начинот на функционирањето на областа.
На средбата присуствуваа и ученици од ССОУ Коле Неделковски Велес од 2-8 клас под менторство на професорот по француски јазик Никола Димовски.
Господинот Жак Шлеф ги запозна младите луѓе со можностите за патување, сместувачки капацитети и културни знаменитости кои се значајни да се посетат во овој регион.
Присутните се здобија со многу нови знаења и информации кои ќе им користат во иднина.
Благодарност до асоцијацијата за поканата, и се надеваме на повеќе понатамошни соработки!