Јавна трибина „Учи паметно, работи стручно“

ССОУ „Коле Неделковски“ денеска учествуваше на јавната трибина „Учи паметно, работи стручно“ во организација на Општина Велес. Целта на настанот беше креирање на програмските политики на средните стручни училишта и подобрување на соработката со бизнис секторот. На јавната трибина се потенцираше потребата од дуално образование во наставните профили што овозможува учениците преку практична настава да се стекнат со потребните знаења и вештини и нивно директно вклучување во производствениот процес.