На ден 30.09.2022год. како дел од кампањата „Првата помош спасува живот“ волонтери од Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес ја одржаа втората обука за прва помош со ученици од втора и четврта год. од ССОУ „Коле Неделковски“. Целта е учениците да се стекнат со основи знаења по прва помош како вештина која може да значи многу во животно загрозувачки ситуации. Срцево-белодробно оживување, третман на рани, скршеници, крварење. Сето ова го научија дел ученици од втора и четврта година во училиштето.
Обуката ја одржа Д-р Јадранка Мишкова волонтер со над 25 годишно искуство во организацијата.
Целта на Црвен крст е во текот на овие месеци за прва помош да бидат обучени околу 1000 младинци на возраст помеѓу 12 и 18 години.