Денес, 02.11.2022г. во Велес (плоштад Сармаале), беше организиран Парламентарен караван од страна на собранието на Република Северна Македонија. Дел од учениците од прва година, заедно со своите професори по Граѓанско образование , Сашко Јовановски и Игор Голубовиќ , имаа прилика да се запознаат со работата на парламентот на државата. Исто така имаа прилика да се сликаат и дискутираат со некои од пратениците во нашиот парламент, да учествуваат во квизови , да цртаат и многу други активности.
