ОТВОРЕН ПОВИК
ЗА УЧЕНИЦИ ОД ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКАТА СТРУКА
Сите заинтересирани ученици треба да пополнат анкетен прашалник кој воедно ќе биде и
пријава за учество, која може да се види и превземе на facebook страната на училиштето ,на
веб-страницата на училиштето, но и ќе се препрати до сите класните раководители од
електротехничката струка кои ќе треба да го споделат во заедничките социјални групи на
паралелките.
Рок за пријавување: до [24.10.2025-Петок до 12 часот].
Избраните кандидати ќе бидат повикани на кратко интервју и информативен состанок.Драги ученици,
Нашето училиште објавува отворен повик за учество во проект за размена на ученици
(RYCO-Superschools – финансиран од европската унија и ГИЗ) со партнерско средно
училиште од Тирана, Албанија. Проектот има за цел да ја поттикне меѓукултурната
соработка, размената на знаења и искуства, како и развојот на практични вештини во областа
на електротехниката и информатичките технологии.
Кој може да се пријави:
– Ученици од прва, втора и трета година од електротехничката струка;
– Ученици со интерес за технички иновации, практична работа и меѓународна
соработка;
– Ученици со средно и напредно ниво на познавање на англиски јазик(проверка преку
интервју) или познавање на албански јазик.
Цели на проектот:
– Размена на знаења и искуства меѓу ученици од Македонија и Албанија;
– Заеднички практични активности и работилници во областа на електротехниката и ИТ
технологиите;
– Подобрување на комуникациски и тимски вештини;
– Посета на верски и културни знаменитости во локалната заедница
Временска рамка:
Проектот ќе се реализира во 2 фази од кои првата фаза ќе гостува нашето училиште во
Тирана во периодот од 1-6 декември 2025 каде нашите ученици ќе бидат сместени во
домашно сместување кај нивни врсници, а втората фаза која ќе се одвива од 23-28 март
учениците од Албанија ќе дојдат во Велес и ќе бидат сместени кај истите ученици кои ќе
бидат одбрани и ќе одат во Тирана.
Програмата ќе вклучува:
– посета на партнерското училиште во Албанија(1-6 Декември)
– нивна посета во нашето училиште во Македонија(23-28 Март),
– технички работилници, културни активности и заеднички проекти.
Начин на пријавување:За повеќе информации обратете се кај:
Даниел Здравевски и Верица Анѓушева-координатори на проектот
ДСУ РЦСОО ,,Коле Неделковски” Велес
Контакт телефон
078322080 Даниел 078224163 ВерицаАплицирајте на следниот линк
https://forms.gle/JWJDvEEatYPMBs9dA
forms.gle