Учество на Еко трибина во организација на Фондација Импакт Нет – “ЗЕЛЕНА МАПА ЗА ЗЕЛЕНА ЗАЕДНИЦА”

На 25.1.2023 год. (среда) во големата сала на Општина Велес се одржа ЈАВНА ТРИБИНА „Програма и активности за животната средина и наши заеднички заложби за трансформативни практики кон зелена и просперитетна општина“ на која што учество земаа 20 ученици од ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес предоводени од педагогот Пандорче Јорданова, Марјан Малинов и Ангелче Гушев. На трибината збор земаа претставници на политичките партии од Велес на локално и државно ниво, претставници од Општина Велес, претставници од еколошките здруженијата на граѓани од Велес и еко активисти. Филип Петровски ученик од четврта година во ССОУ Коле Неделковски Велес имаше свое обраќање ,,Нашиот глас за зелена и просперитетна општина” на тема Јавен транспорт. На трибината беа преставени и дигиталните апликации – дигитални иновации за придонес кон зелена трансформација на заедницата.