Прекрасно е чувството кога се учествува на еден натпревар, особено учеството на нашите ученици на 59-от Државен натпревар на млади истражувачи од Република Северна Македонија, кој се одржа на 13.05.2023 год. во ССОУ „Коле Неделковски”.
Овој натпревар се одржа бладодарение на одличната соработка на директорката г-ѓа Весна Стојанова Богоевска и претседателот на Народна техника, г-дин Петре Митрев.
Горди сме на нашите ученици од угостителската струка – учесници на натпреварот кои освоија две престижни места во областа Гастрономија:
I – во место и златен медал и припадна на нашата ученичка од 4-7 клас, Јована Николова со ментор проф. Влатко Панов, а III – то освоено место и припадна на ученичката Памела Спасова од 3-4 клас под менторство на проф. Кристина Пачукова.
Готвење, традиција, умешност, беспрекорност во подготовката и декорацијата на надалеку познатите Велешки специјалитети: „Велешка пита пастрмајлија“, „Велешки фурми“ и „Слатко од речели“.
Но тоа не беше сé, велат дека патот до срцето води низ стомакот и ретко кој не сака да биде опкружен со убава и вкусна храна, подготвена од професионални готвачи, па вредните раце на учениците припремија и „Бифтек во сос од ф’стак“ и „Димен крап во лозов лист“.
Како домаќини на натпреварите сакаме да искажеме голема благодарност до нашите социјални партнери:
Хотел „Романтик” и менаџерката Евгенија,
Хотел „Gardenia & SPA“ и
Винарија и ресторан „Стоби“ и менаџерот Кире.
Идеалните готвачи, готват во идеални кујни!
Новите генерации готвачи ќе имаат оптимални услови за школување и развивање на својот потенцијал!
Биди и ти готвач! Развивај го својот потенцијал во ССОУ „Коле Неделковски“ !!!