Денес, 01.09.2022 г. (петок) во 09:30 часот во дворот на ССОУ ,,Коле Неделковски” Велес беше одбележана 82 годишнина од смртта на нашиот македонски поет и револуционер Коле Неделковски. Поздравен говор имаше директорката г-ѓа Весна Стојанова Богоевска, а делегации на општина Велес положија цвеќе пред спомен бистата. Ученици од нашето училиште читаа биографија збогатена со песни од двете стихозбирки: ,,Пеш по светот” и ,,М’скавици. Пред бистата на поетот во неговото родно место с. Војница, беше доделена Награда за животно дело ,,Коле Неделковски” на Атанас Крлевски.
